Зошто органска храна ?
Органската храна секогаш има подобар вкус од храната која е произведена во индустриските сектори, затоа што при производство на органска храна изземена е секаква примена на хемисли препарати – од вештачки ѓубрива, пестициди,антибиотици, па до различни хемиски субстанци со кои се влијае врз растот на плодот, а исто така се води посебна грижа за здравјето на животните, поради што органското производство е поддржано од голем број организации за заштита на правата на животните. Ние сме тоа што го јадеме! А преку конзумирањето на органска храна во организмот се внесуваат поголеми количини од минералите како калциумот, магнезиумот, железото, хром,… Свежата органски произведена храна содржи околу 50% повеќе витамини, минерали, ензими, антиоксиди од индустриски произведената храна, па поради тоа е далеку подобра за човекот.
Непримената на хемиските препарати влијае и врз заштитата на земјата, од еколошки причини органската храна е далеку подобра за животната средина, речиси и нема загадување на почвата, водите… А самото произвдство на органска храна се извршува под строго контролирани услови и високи стандарди. Па затоа секогаш кога конзумирате органска храна можете да бидите сигурни дека навистина е произведена под природни услови.








